декември 5, 2020

Најди ги проблемите и натпрапникот на оваа слика?

Роберт Милески
  1. Како може премиер на држава чијашто работа по Устав и закон е неспоива со друга дејност, да доделува медицински возила од фирми кои нему нели “не му припаѓаат”? Или сепак е поинаку!?
  2. Што бара Костадин на сликава? Тој во кое својство е таму?
  3. Филипче нема попаметна работа отколку да шета по државава кога имаме преку 1.000 болни дневно од ковид-19? Толку мора баш тој да е тука на сликава?
  4. До таму ли дојдовме како држава да чекаме донации од Заев за примарни потреби на граѓаните како што се амбулантни возила? Германија пред многу години ќе ни дадеше како донација 30 возила, но Груевски одби, бидејќи имаше испланирано пари за тоа во буџетот за 2009-та. Веројатно за да се офајди некој друг од тендерот, но тоа е сега минато. Зошто оваа Влада не успеа како донации од Австрија, Швајцарија, Германија, Франција, Јапонија, итн., да набави доволно возила? Па овие држави да ни донираат секоја по 10, возила што веќе ги користеле 3-4 години ние ќе сме на коњ. Толку ли е тоа тешко, а ние успеавме тогаш како приватни лица да организираме набавка на 30 возила?

Фејсбук статус на Роберт Милески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •