декември 4, 2020

Меркел: Претстои тешка зима, вирусот ќе продолжи да доминира

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека претстои тешка зима.

-Зимата што доаѓа ќе биде предизвик за сите. Вирусот ќе продолжи да доминира во нашите животи уште некое време – рече Меркел, додавајќи дека луѓето нема да можат да се гледаат како порано.

Ова следува откако беше воведено едномесечно делумно затворање на земјата за да се намали бројот на заразени од коронавирус.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •