декември 2, 2020

Каракамишева: Културна асимилација? На здравје!!!

Oткако Веселин Марешки, потпретседател на бугарското собрание и лидер на политичката партија Волја, коалициски партнер на премиерот Бојко Борисов, изјави дека единствениот пат за земјава е обединување со Бугарија, му одговори професорката Тања Каракамишева. 

Таа вели дека културна асимилација е кога еден заедница/ колективитет се интегрира во друга мнозинска група и ги стекнува нејзините карактеристики, јазик, обичаи, историја. 

„На овој начин, заедницата што и се придружува на другата заедница завршува со губење на своите обележја и специфичности. На здравје!”, пишува Каракамишева.

Оваа изјава засега не ја коментираат други луѓе од општествено – политичкиот живот во Македонија. 

Од Бугарија ќе зависи дали Македонија ќе ги почне преговорите со Европската Унија. 

Изминатиот период, бугарската страна бараше нашава земја да признае дека македонскиот јазик и народ имаат бугарски корени. 

Фејсбук статус на Тања Каракамишева

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •