декември 3, 2020

Здружение на лекари по општа и семејна медицина: Предлагаме решенија, но досега не сме добиле ниту еден одговор од Комисијата за заразни болести и министерот за здравство

Здружението по општа и семејна медицина, во име на своите членови, се јави со протестно писмо во јавноста како одговор на информациите што беа изнесени во некои медиуми во кои се бара одговорност и вина од матичните лекари за зголемениот број на компликации и хоспитализации кај пациенти во овој период.

– Би сакале да ја информираме јавноста, а особено нашите пациенти, дека ние како Здружение на лекари по општа и семејна медицина од почетокот на пандемијата сме конструктивни во предлагање на решенија за проблемите со кои се соочуваме. Доказ за тоа се дописите до Комисијата за заразни болести и до Министерот за здравство кои се објавени на нашата веб страна, а за кои до сега не добивме ниту еден одговор .Во Комисијата за заразни болести, за жал, нема претставник на матичните лекари и со самото тоа ние сме ставени во позиција одговорно да ги спроведуваме одлуките и протоколите донесени од членовите на оваа комисија. Истата нема увид во обемот и тежината на работата на матичните доктори, се вели во реакцијата на Здружението.

Матичните лекари, се додава во писмото, „ја имаат улогата да бидат први и последни во грижата за здравјето на своите пациенти. Тие секогаш стојат во првите борбени редови, и се оние кои управуваат со последиците од непредвидените ситуации и продолжуваат да обезбедуваат грижа и третман“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •