декември 5, 2020

Законот за решавање на спорот помеѓу Македонија и Макпетрол е Lex criminalis (видео)

Дали еден закон може да се нарекува Закон за решавање на спорот помеѓу владата и Макпетрол? Јасно дека не. Дали со закон може да се реши спор. Не може. Ги учиме студентите што е незаконитост- кога ненадлежен орган одлучува. Ние не сме суд, нити медиатори.

Дојде ли моментот кога Луј Заев, диригентот и тренерот на дисциплинираното парламентарно мнозинство кое ги скрши рацете од гласање„ за“, ќе крене раце во својство на пара/квази суд за „Законот за решавање на спорот на меѓу Владата и на Република Македонија и Макпетрол; АД Скопје по пат на спогодба“. Замислете, за еден пратеник ова бил lex specialis! Се разбира, во прашање е lex criminalis. Кај се чуло видело спор меѓу две страни да се решава со закон? Во Северна, северно од законот!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •