декември 2, 2020

Желбата за профит на владата доведе до пресушување на водите во езерата?!

Нивото на водите во езерата е на историско најниско ниво, така што сите езера се на далеку под дозволениот минимум, со што загрозени се околините околу нив а и живиот свет во самите езера. Освен сушата, која особено беше изразена оваа година, се зборува дека за ниското ниво на водите во езерата влијаел и човечкиот фактор.

Граѓаните, јавно или потајно, зборуваат дека лакомоста за профит на претставниците на власта ги испразни македонските езера. Имено, во летниот период, која струјата е поевтина, македонските енергетски компании произведуваа големи количини на струја, која ја продаваа на странскиот пазар. Цената по која ја продаваа електричната енергија, била релативно ниска.

Додека пак сега, кога во зимскиот период, цената на струјата е многу повисока, државата ја купува од странскиот пазар, затоа што во летниот период, со неконтролираното производство се испразнија езерата. Сега, освен што не смее да се произведува затоа што езерата се далеку под минимумот, туку може и да се каже дека дел од вештачките езера се речиси празни, како на пример Мавровско Езеро.

Освен ова, во езерата е доведен во ризик живиот свет, флората и фауната. Поради забрзаното опаѓање на нивото на водата во Тиквешкото езеро, во неколку наврати имаше помош на риби. До ова дошло како последица на намалување на кислородот во водата поради ниското ниво на водата во езерото.

Желбата за профит на владата доведе до пресушување на водите во езерата?!
Калиманци

Загрозен е и живиот свет во Преспанско Езеро, во кое езеро состојбата е најкритична и за тоа буквално може да се каже дека се случува еколошка катастрофа. Таму водата е повлечена и за 500 метри.

Преспанско Езеро

Поради лошата состојба со водите во македонските природни и вештачки езера, како и акумулациите, често реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека ова еколошка катастрофа што му се случува на Македонија со езерските води е поради неспособноста на владата и нејзината желба за профит, при што го загрозува како живото на луѓето така и на целиот животински и растителен свет во езерата.

Нивото на езерото е опаднато за над 5 метри. Ова е рамно на еколошка катастрофа, а на истата сме сведоци секојдневно. Изумрена риба на бреговите, намален кислород во езерото, со што практично е загрозен целиот рибен фонд, и опасност од трајно исчезнување на езерото, изјави од пред Преспанско Езеро, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски исто така реагираше и за Тиквешко езеро. Тој вели дека Зоран Заев го доведува Тиквешкото езеро, кое е најголемото вештачко езеро во Република Македонија на праг на биолошки минимум.

Езерото Калиманци е пресушено во целост. Од 120 милиони метри кубни вода колку што е капацитет на истото, во моментот имаме само 19 милиони метри кубни вода. Тоа значи дека власта ја десеткувала акумулацијата. Калиманското езеро е доведено на раб на пресушување и до раб на биолошки минимум, истакна Трипуновски за езерото Калиманци

Тој потенцира дека претераната потрошувачка на вода со цел производство на струја, во летниот период, придонесе, Македонија да се соочува со најголемата криза во последните децении.

Со неконтролираното празнење и полнење на езерата се поврзуваат и земјотресите, кои оваа недела се случија во мавровскиот регион.

Имено, од Стопанската Комора за Енергетика на Македонија по земјоресот од од 5.5 степени по Рихтеровата скала кој се случи во мавровскиот регион на 11 октомври во раните утрински часови, го поврзуваат токму поради тоа што празното Мавровско Езеро, кое сега нагло се полни.

„ЗЕМЈОТРЕСИТЕ настануваат како последица на ,, неконтролираното ,, празнење и полнење на езерата… !!! … Сушење на земјините плочи, површини преку летниот период и повторно полнење со вода е една од причините. Ова не се случува првпат на оваа теритероја според документите од Сеизмолошки институт.
Исто тоа се случи 1963 во Скопје, многу дожд и наеднаш земјотрес…
Денес во 4:54 часот во Маврово со 5.5 степени е последица од празното езеро кое сега наеднаш се полни, а тоа предизвикува оптеретување на земјините плочи и предизвикува притисок и поместување !!! …
Со природата нема ,, ШЕГА ,,.
> Оваа арно, НЕ е на арно !!!…“

Пресушени се реките. Уништени се флората и фауната во езерата. Животна средина треба да реагира. Треба да се внимава на биолошкиот минимум“, спои во објавата на СКЕМ

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •