декември 2, 2020

Шокантно: Османи во преговорите со Бугарија е советуван од Денко Малески, човекот што смета дека Делчев и Мисирков се Бугари (видео)

Шокантна потврда од министерот за надворешни работи Бујар Османи кој призна дека за спорот со Софија го советувал човек кој тврди дека Гоце Делчев бил Бугарин.

Шефот на дипломатијата Османи денеска изјави дека ги користел советничките услуги на професорот и прв македонски министер за надворешни работи, Денко Малески.

Синот на авторот на македонската химна Малески пред половина година во интервју за бугарската телевизија „Европа“ изјави дека Крсте Петков Мисиреков бил бугарин а Гоце Делчев имал бугарско национално чувство.

Како неговите совети можат да помогнат за избалансирана национална позиција во преговорите со Бугарија кога Малески ги дели бугарските ставови за бугарска припадност на македонските револуционери и преродбеници Османи не открива.

Според Османи позициите на земјата се јасни, но тој не е оптимист дека во вторник ќе се затвори прашањето Македонија- Бугарија туку само дека е можно да се задржи довербата во процесот.

Според министерот доколку двете земји до вторник не се договорат формално Советот на ЕУ за општи работи воопшто нема да се одлучува за Македонија што значи земјата пак ќе биде блокирана на неопределено време на патот кон ЕУ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •