декември 1, 2020

Трамп: „Иднината ќе покаже, кој ќе владее“

Претседателот на САД во првото обраќање по 7 ноември, кога медиумите го прогласија Бајден за изборен победник главно се осврна на неомилената тема- коронавирусот. Трамп изборите ги спомена само во една споредна реченица.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека одбива да воведе нова забрана за движење поради порастот на бројката на новозаразени со коронавирусот, но навести дека до тоа би можело да дојде ако судските процеси кои ги започна ќе ја потврдат победата на неговиот ривал Џозеф Бајден на претседателските избори.

Трамп, кој првпат и се обрати на јавноста откако медиумите на 7 ноември за победник на изборите го прогласија Бајден, го повтори добро познатиот став дека владините рестриктивни мерки предизвикуваат повеќе проблеми отколку што решаваат.

Тој рече оти одлуката за забрана за движење може нема тој да ја донесе, со што навести дека можеби би го признал поразот на изборите.„Оваа администрација нема да воведе забрана за движење. Што и да се случи во иднина, кој знае, која администрација ќе биде, веројатно времето ќе покаже, но можам да ви кажам дека оваа администрација нема да донесе забрана за движење“, наведе американскиот претседател.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •