ноември 30, 2020

Тони Стојановски: Не сум член на ниту една партија, говорот дојде сам од срцето

Тони Стојановски, коментаторот кој предизвика катарза во јавноста со својот говор на синоќешниот натпревар помеѓу Грузија и Македонија, по кој нашата фудбалска репрезентација за прв пат во историјата се пласираше на Европското првенство, вели дека тоа што го искажал не било однапред подготвено и било кажано од срце.

Тој вели дека не верува дека ќе биде казнет за начинот на кој го коментираше телевизискиот пренос од победата против Грузија во Тбилиси, ниту пак дека имало политичка позадина во сето тоа.

– Им благодарам на сите за поддршката, се уште не можам да им одговорам на сите, реакциите се многубројни. Благодарен сум и за негативните критики кои не се испоганети. Единствено добив само една закана од лице кој, како што можев да видам, имаше партиска иконографија на својот профил, ни рече Стојановски.

ТВ-коментаторот на националниот сервис вели дека во она што го искажал немало ниту партиска, ниту политичка позадина, ниту пак дека добил некакви инструкции од раководството на „Мкедонската радиотелевизија“.

– Тоа е мој личен став, тоа не може да се објасни, особено на оние кои не го препознааваат овој успех. Ова е голем чекор на изградба на нација, која не се гради во Пржино. Ова не е само фудбалки пласман, туку многу повеќе од тоа. Не сум член на политика партија и нема да бидам. Како што вели Волтер – човек без партија е ништо, но партијата го ограничува човекот. Тоа беше само говор во кој единствено воведот беше однапред подготвен и крајот немаше да биде искажан да не победеше репрезентацијата. Јас не сум херојот на вечерта, тоа се македонските фудбалери, а апелот мој до вжештените глави е да го слушнат и воведот и крајот на преносот и ако можат нешто да научат, вели Стојановски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •