декември 2, 2020

Словенија две недели во карантин и без јавен превоз

За да го спречи ширењето на коронавирусот, Словенија ќе биде две недели во карантин и без јавен превоз. Ќе се затворат сите продавници, освен оние што продаваат храна. Училиштата и градинките остануваат затворени. За венчавки ќе биде потребна дозвола од Министерството за труд.

Некои од тие мерки ќе стапат во сила денеска, а другите ќе важат од сабота или понеделник.

Промени се воведуваат и на границите. „Од 16 ноември сопствениците на имот во соседната земја повеќе нема да можат да влегуваат во Словенија без карантин“, изјави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Веќе нема да може да се посетуваат членови на семејството на 72 часа надвор од Шенген зоната.

Во Словенија вчера се регистрирани 1.508 случаи со корона висру, а од последиците на истиот починаа 38 пациенти.
Повеќето земји во регионот го вратија полицискиот час.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •