декември 3, 2020

СДСМ: Фирми партнери на Мицкоски во хидроцентралите биле кредитирани без покритие од Еуростандард банка

Меѓу компаниите кои биле кредитирани од страна на „Еуростандард Банка“ без покритие се и компании во сопственост на бизнис партнерот на Христијан Мицкоски, рече пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов на Надзорната расправа за пропаста на Еуростандард банка.

-Во едно интервју сопственикот на „Еростандард Банка Трифун Костовски, а потоа и на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека биле кредитирани фирми од Струмица, без доволно покритие и дека наводно тие фирми биле блиски со СДСМ. Компаниите „Јанев трејд“ „Ведра мини“ и „Минка ДА“ се поврзани со власта. Станува збор за компании на партнер на Христијан Мицкоски. „Минка ДА“ и другите компании што ги спомнав, а коишто без покритие ги има финансирано „Еуростандард“ се партнер на Мицкоски во бизнисот со хидроцентралите.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •