декември 2, 2020

Радев: Критериумите за добрососедство да бидат вметнати во посебно поглавје во преговарачката рамка со Република Македонија

Настојувам да се отвори посебно поглавје во преговарачката рамка со Македонија и таму да бидат поставени сите критериуми за добрососетство, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев за БНТ.

Според него, Бугарија мора да ги брани својата историја, јазикот и идентитетот.

„Никој освен нас самите не може да го направи тоа. Убеден сум дека соработувајќи отворено со нашите соседи и браќа, ќе го најдеме вистинското решение. Бидејќи Договорот за добрососедство не води кон тоа, имаме право да бараме други средства. Бугарија не е кандидат за членство, туку Македонија. Таа мора да одлучи дали ќе продолжи со идеологиите на омраза од минатото или ќе почне демократски развој“, изјави Радев.

Вели дека за него е важно што успеал да ја убеди бугарската влада дека не може да има безрезервна поддршка.

„Пред една година свикав вонреден консултативен состанок и се согласивме дека треба да има национална рамка. Владата прифати“, изјави Радев.

Тој посочи дека Германија се повеќе ги слуша нивните аргументи и ја поканува не само Бугарија да соработува, како што било порано, туку и Република Македонија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •