декември 6, 2020

Мицкоски: Ако Заев го загрози идентитетот ќе му се случи народ низ цела Македонија (ВИДЕО)

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски денеска порача дека е доста Македонците да се повлекуваат и да го губат својот идентитет пред барањата на соседите.

Мицкоски го предупреди премиерот Заев и лидер на СДСМ да не прифаќа бугарските окупаторски сили во втората светска војна да бидат прикажани како административци, да одбие македонскиот јазик да стане бугарски, да не се откажува од македонското малцинство во Бугарија и да не ги загрозува
македонските национални интереси.

“Ако се обиде да преговора за решение кое ќе го негира нашиот идентитет, јазикот, историјата и ќе ги понижи македонските дејци ќе му се случи народ низ цела Македонија”, предупреди Мицкоски на прес конференција на која што заклучи дека според досегашното искуство треба да се биде претпазлив кога е во прашање Заев.

Мицкоски бара Заев да го исполни првиот приоритет заштита на национални стратешки интереси но не по цена на бришење на идентитетот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува да почнат преговори со ЕУ односно меѓувладината конференција и унијата ги да отфрли барањата на Софија.

“ЕУ го должи тоа на Македонија” смета Мицкоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •