ноември 27, 2020

Конечно пребројани сите гласови: Бајден 306, Трамп 232

КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ ВО САД: БАЈДЕН ДОБИ 306, А ТРАМП 232 ЕЛЕКТОРСКИ ГЛАСОВИ

Foto

Американските медиуми вечерва ја објавија проекцијата на конечните резултати од претседателските избори одржани на 3 ноември, според кои избраниот претседател Џо Бајден освои 306, а актуелниот претседател Доналд Трамп 232 електорски гласови.

Американските медиуми дојдоа до тој резултат откако ја проектираа победата на Бајден во сојузната држава Џорџија и на Трамп во Северна Каролина.

Како што потсетува Си Ен Ен, Џорџија носи 16 електорски гласа, а Северна Каролина 15, што значи дека Бајден ќе има вкупно 306 гласа, а Трамп 232 гласа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •