ноември 27, 2020

Комесарот на ЕУ, Илва Јохансон: Исламот не претставува закана за Европа

Комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансон, рече дека исламот не претставува закана за Европа. Јохансон ја критикуваше идејата за едукација на имами во согласност со западните вредности.

Комесарот за внатрешни работи на Европската унија (ЕУ), Илва Јохансон рече дека исламот не претставува закана за Европа. Министрите за внатрешни работи на ЕУ одржаа состанок за борба против тероризмот, по повод петгодишнината од нападите врз театарот „Батаклан“ во Париз и „Стад де Франс“, во кои беа убиени најмалку 130 лица, пренесува.

По средбата, Јохансон даде изјава за шведската државна агенција ТТ, каде рече дека исламот и миграцијата не претставуваат закана за Европа, односно дека е неопходна борба против екстремистичките фанатици. “Исламот не е закана. Религијата не е закана. Терористите се закана. ЕУ мора да се бори против навидум исламистичките екстремисти и крајно десните екстремисти. Миграцијата, исто така, не претставува закана за Европа”, рече Јохансон. Таа ја критикуваше идејата за едукација на имами во согласност со западните вредности и рече: „Верувам дека едукацијата на верските водачи не е привилегија на Европската унија“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •