декември 3, 2020

Ковид болница се запали во Романија, најмалку 8 жртви

Најмалку осум лица загинаа денеска во пожар што зафати болница во северна Романија, во која се лекувале пациенти со коронавирус, соопштија локалните власти.

Службата за итни случаи на северниот романски регион Неамт објави дека пожарот зафатил две простории во болницата каде биле згрижени 19 пациенти, објави АП.

Портпаролката на службата за итни случаи во регионот каде избувна пожарот изјавила дека огнената стихија проголтала две простории.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •