ноември 27, 2020

ГОРАН ПАНДЕВ, разговор некаде меѓу Тбилиси и Скопје: За сонот, за солзите, за семејството како најголема поддршка, за Мрме, за погледот кон небото, за момците…

Еуфоријата во Македонија по историскиот пласман на Европското првенство следната година никако да стивне. Чекавме 27 години, од оној прв репрезентативен натпревар во Крањ, за да дојдеме до остварување на сонот, па со оглед на тоа дека во голема мера се уште не сме свесни до крај за тежината, оставено е во моментов да се слави убавината на успехот. Успехот кој, се чини, прв меѓу сите го посакуваше капитенот Горан Пандев… Па, затоа, по оној последен свиреж во Тбилиси, најголемиот фудбалски романтик кој Македонија го имала воопшто во историјата, историскиот резултат го зачини со солзи на тревникот на „Динамо арена“.

„Долго го сонував ова. Еве ме дојдов до 38 години и ми се оствари сонот“ – низ смеа го почнавме разговорот со Горан Пандев, по стивнувањето на првичната еуфорија, а на заедничкото враќање, некаде на патот од Тбилиси за Скопје…

„Но, да бидам искрен не мислев дека јас ќе бидам тој што ќе го реши натпреварот. Ќе беше навистина жално да не го обезбедиме првиот историски настап на Европското првенство, затоа што како што нагласувам постојано имаме навистина една прекрасна генерација млади фудбалери, навистина квалитетни во кои верував од самиот почеток. Ќе беше жално, и не само заради нас, туку и поради цела Македонија. Па, само нам од фудбалот во сите екипни спортови ни недостасуваше настап на големо натпреварување. Редно беше“ – веднаш дополнува.

За селекторот Ангеловски и момците со кои ја дели соблекувалната…

А, како всушност започна оваа приказна? Таму некаде пред пет години…

„Па, се почна со назначувањето на Игор Ангеловски за селектор. Се јави селекторот тогаш и дојде во Џенова. Разговаравме отворено и двајцата. Му кажав и јас некои работи, ми ја соопшти и тој неговата визија за изгледот на идната репрезентација која ќе треба да биде спој на искуство и младост и јас се согласив да се вратам во националниот тим. И тоа беше сигурно моја најдобра одлука која еве сега резултира со заслужениот пласман на Европското првенство“.

Свесни ли сме сите ние, а и сите во репрезентацијата за тежината на ова фудбалско достигнување во моментов?

„Искрено не. Да, среќни сме, тоа е неспорно. Среќни сме сите, најсреќен сум јас, но уште како да не верувам дека го остваривме сонот. Да мине извесен период и мислам дека сите ние и секој во Македонија ќе разбереме што всушсност сме постигнале“.

Својот деби натпревар во националниот тим Горан го имаше во далечната 2001 година на гостувањето против Турција. Од тогаш 20 години во националниот тим, како некако да ја чекаше оваа генерација за да осамне најголемиот успех во кариерата. Што им кажа на момците пред мечот во Грузија?

„Пред да излеземе на терен јас во соблекувалната им кажав дека, без разлика како ќе заврши натпреварот, без разлика дали ќе одиме на ЕП или не, јас сум горд што запознав не само фудбалери со храбро срце, лидери во душа, а за фудбалски квалитети и да не зборувам, туку пред се момци со златна душа. Им кажав дека добив пријатели за цел живот затоа што пред се се луѓе, а потоа се останато“.

За семејството, сопругата и дечињата, како најголема инспирација…

Целото интервју на

ekipa.mk

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •