ноември 28, 2020

Вучиќ со одговор до Приштина: „Го чуваме мирот – тоа ќе биде политиката на Србија“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека тој бил многу јасен во своите изјави за политиката и дијалогот со Приштина.

„Тие имаат свои внатрешни проблеми. Мојата изјава беше прецизна и јасна, зборував дека треба да ја избегнеме политиката на замрзнат конфликт и дека замрзнатиот конфликт во иднина би можел да доведе до конфликт, што никој не би сакал да се случи“, кажа Вучиќ.

„Некои дури ме нападнаа за предавство, тука, во Белград. На оние кои не сакаат да слушаат што зборувам, јас не можам да им помогнам“, кажа српскиот претседател.

Вучиќ истакна дека за Србија е важна политиката на мир.

„За мене е важно ние да го чуваме мирот и тоа ќе биде политиката на Србија“, наведе Вучиќ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •