декември 1, 2020

Веселин Марешки: Обединувањето на Македонија и Бугарија е логичен пат

Крајно време е Бугарија и Македонија повторно да се заедно. Веселин Марешки, потпретседател на бугарското собрание и лидер на политичката партија Волја, коалициски партнер на Борисов, е првиот бугарски функционер кој смета дека единствениот пат за земјава е обединување со Бугарија.

„На ова безумие треба да се стави точка. Ние сме еден народ, со општо минато. Ако го отстраниме влојанието на една или друга голема држава, ако гледаме само и единствено на интересите на граѓаните, обединувањето е логичниот пат. Така ќе престанат сите шпекулации за историјата и нема да бидат пречки за иднината. А нашите браќа автоматски ќе станат европски граѓани“, вели Марешки.

Бугарската влада пак, синоќа ја го утрвди официјалниот став за преговарачките рамки за пристапување на Македонија и на Албанија во ЕУ, што треба да бидат разгледани на состанокот на Советот за општи работи на 17 ноември, соопшти владината прес-служба.

Повеќе информации не се соопштуваат, ниту пак детали во врска со утврдената позиција.

Бугарскиот претседател Радев уште еднаш побара јасна позиција на владата  критикувајчи го нејзиниот збунувачки молк.

– Таа нема јасно изразено противење. Има правилни позиции, но нема јасни механизми со кои треба да да се постигне целта, рече бугарскиот претседател.

Тој во интервју за БНТ бара да се отвори посебно поглавје во преговарачкара рамка за Македонија во кое ќе бидат содржани сите критериуми за добрососедство. Радев вели дека Бугарија пред се мора да ги брани својата историја, јазик и идентитет.

Шефот на макеоднската дипломатија Бујар Османи вели дека е оптимист и до последен момент ќе се прават напори за приближување на ставовите,

Османи вели дека сендицата на Советот ќе биде онлајн и затоа нема да се носат одлуки.

За разлика од него бугарскиот весник Труд пишува дека Бугарија дефинитивно ќе ја блокира земјава и на дневниот ред на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во вторник веќе е запишано дека нема да има дебата на оваа тема. На овој начин, пишува Труд, формално ќе биде откажана меѓувладината конференција која беше закажана за декември, а со која требаше да се означи почетокот на процесот на преговори.

Извор: Тв Сител

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •