декември 1, 2020

Јован Донев: Само на приврзаниците на режимот на Заев не им е јасно дека Грција и Бугарија се договориле

Сега на Европската Унија треба да ѝ кажеме дека ние ги прекинуваме преговорите и дека тие треба да си ги средат проблемите со земјите членки, по што ние повторно би се вратиле во процесот на преговори за членство, вели историчарот Јован Донев, поранешен македонски амбасадор во Лондон, во интервјуто за МКД.мк.

Вашата теза за Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија е дека всушност тие се надополнуваат еден со друг, а заедничката линија е бришење на македонскиот идентитет. Власта поинаку нѐ убедува, дека никој не го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик?

– Изјавите на премиерот Заев и неговите министри воопшто не треба да се земаат сериозно. Ескалацијата на спорот со Бугарија најдобро го покажува тоа. Во моментов ниту премиерот на Бугарија, ниту министрите за надворешни работи и за одбрана, воопшто не се воздржуваат јавно да изјават дека не постои ниту македонски народ ниту јазик. Од друга страна, ваквите бугарски изјави не наоѓаат на реакции од страна на официјалните лица во главните европски градови. Фразите од типот спорот треба да се реши и слично, јасно покажуваат дека во моментов никој не смета за потребно да ѝ се спротивстави на Бугарија, а можно е и некои од главните европски играчи да ја поддржуваат. Толку од Заевиот зацементиран јазик и идентитет.

Во однос на првиот дел од вашето прашање би укажал само на еден момент. Преспанскиот договор меѓу останатото го нападна изворот на македонизмот. Митската поврзаност помеѓу античката македонска држава и Македонците од втората половина на деветнаесеттиот век. Поврзаност што во суштина придонесе за развојот на македонското народносно чувство, од кое подоцна се разви македонската нација. Бугарија, во овој момент, го напаѓа токму тој деветнаесетвековен македонизам, а со цел да ја докаже тезата дека Македонците се етнички Бугари. Тоа не само што јасно покажува дека двата договори се поврзани, туку и дека едниот без другиот не може да опстои.

Сакате да кажете дека Преспанскиот договор всушност е еден вид декрет со кој се забранува и размислување на каква и да е врска на Македонецот со античкото време и со Византија?

– Па да, ако го погледнете текстот на договорот, ќе видите дека Република Македонија се обврзала да не поддржува ниту еден проект што укажува на поврзаноста на современите Македонци со антиката. Па ако не се лажам, таму се прави и разлика помеѓу Македонците во Вардарска и тие во Егејска Македонија.

Што мислите, зошто на тој прекин инсистирала Грција, а ние така лесно ставивме потпис на едно толку сериозно прашање?

– Грчката позиција е јасна уште од 1945 година. Таа никогаш не признавала постоење на македонски народ и македонска држава. Разликата е само во тоа што за разлика од останатите министри за надворешни работи, министерот Коѕијас најтешката работа им ја препушти на Бугарите. Без оваа поврзаност, грчкиот парламент немаше да даде согласност на договорот од Преспа.

Сега истото го бара и Бугарија со ставањето некаква временска граница од 1945 па наваму. А до 1945?

Целото интервју на

mkd.mk

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •