декември 5, 2020

Почина Крунослав (Кичо) Слабинац

Почина Крунослав (Кичо) Слабинац на 76-годишна возраст. Музичарот почина утрово во 6.50 часот во болничката соба во КБЦ „Загреб“, каде што лежеше три месеци.

Слабинац заврши во болница на почетокот на август поради коронарна болест што ги зафати неговите крвни садови. И покрај успешниот зафат, при што му беа вградени три бајпаса, неговото закрепнување беше комплицирано бидејќи раната на градите не зарасна правилно.

Славонскиот музичар беше подложен на неколку операции во последните месеци, а иако неговите членови од семејството се надеваа дека сè ќе тргне на подобро, лекарите во повеќе наврати ги подготвуваа и за најлошото.

Да се потсетиме во негова чест на една од неговите најпознати песни „Поради една прекрасна црна жена“.

Песната е напишана во раните седумдесетти години и секако е еден од неговите најголеми хитови, кој со задоволство се слуша и 48. години подоцна. Плочата се продала во милиони примероци по објавувањето, а секоја црномуреста девојка од поранешната држава била среќна што се нашла во текстот на песната.
Сепак, имаше само една „прекрасна црна жена“ за Кичо. Нејзиното име е Мирјана Антоновиќ и навистина е убава жена дури и во зрелите години. Новинарите на Index.hr ја нашле во 2016 година и кратко разговарале со неа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •