декември 2, 2020

Пандемијата на КОВИД-19 ја наруши борбата против рубеола

Оваа болест минатата година уби 207.500 луѓе ширум светот, што е за 50% повеќе од 2016 година. Пред воведувањето на вакцинацијата и сè додека не стана широко распространета, се забележуваше голема епидемија на болеста на секои две до три години. Бројот на случаи на рубеола во светот се намали оваа година, но напорите за борба против пандемијата на вирусот корона ја нарушија кампањата за вакцинација и превенција, предупредија Светската здравствена организација (СЗО) и американските здравствени власти. „Во ноември, повеќе од 94 милиони луѓе ризикуваат да не бидат вакцинирани како што се предвидуваше поради прекин на кампањите за рубеола во 26 земји“, забележуваат СЗО и Агенцијата за спречување и сузбивање на болести на САД.

„Меѓу земјите што ги одложија кампањите во 2020 година, само осум (Бразил, Етиопија, Непал, Нигерија, Филипини, Централноафриканска Република, Демократска Република Конго и Сомалија) ги обновија своите кампањи по првичното одложување“, се вели во документот. „Пред кризата со вирусот корона, светот се соочуваше со криза на рубеола, која не исчезна“, рече Хенриета Форе, директор на УНИЦЕФ.

Рубеолата минатата година предизвика смрт на 207.500 луѓе ширум светот, што е за 50 проценти повеќе отколку во 2016 година. Исто така, во 2019 година, регистрирани се скоро 870.000 случаи ширум светот.

Не го зголемува ризикот од аутизам

Рубеолата е исклучително заразна болест, повеќе од КОВИД-19, ебола, туберкулоза или грип. Напредува во сите региони во светот, а силни епидемии се пријавени во Конго, Мадагаскар, Украина, Самоа и Бразил. За директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, „овие податоци јасно покажуваат дека не успеваме да ги заштитиме децата од рубеола во сите региони на светот“. Пред воведувањето на вакцинацијата во 1963 година и сè додека вакцинацијата против болеста не стана широко распространета, се забележуваше голема епидемија на болеста на секои две до три години. По спектакуларното намалување на бројот на смртни случаи од оваа болест помеѓу 2000 и 2016 година, благодарение на кампањите за вакцинација, рубеолата повторно се појави во светот, поради недоволната вакцинација поврзана, пред сè, во некои земји и заедници, со недоверба кон вакцината. Таа недоверба е создадена по студија од 1998 година, поврзана со вакцината со аутизам, за која подоцна се утврди дека е фалсификувана од нејзиниот автор. Неколку студии после тоа покажаа дека вакцината не го зголемува ризикот од аутизам.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •