декември 2, 2020

Ние многу добро знаеме против кого се боревме, се сеќаваме на борбата да не влезе бугарската војска во Скопје, кажаа борците од НОБ на одбележувањето на 13 ноември

Ние многу добро знаеме против кого се боревме за слободно Скопје, кажаа борците од Народно-ослободителната и антифашистичка борба (НОБ) на денешното одбележување на 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје.

Трајко Стаматоски, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОБ, во говорот пред Споменикот на ослободителите каже дека денес сме сведоци сме на оспорување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

„Ние борците сме посебно чувствителни кога се омаловажува и негира народно-ослободителната борба. Ние броците многу добро знаеме против кого се боревме и со какви жртви. Се сеќавам на борбата на генерал Михајло Апостолски да не дозволи влез на бугарската војска во Скопје“, рече Стаматоски.

Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека во НОБ загинале 4.654 наши сограѓани, од кои 956 во борбите, а останатите од теророт на фашистите.

„Ние во оваа борба бевме на вистинската страна. Горди сме на нашата историја, немаме комплекс од нашето минато и од нашата историја, не сакаме да исправаме ничии други истории, меѓутоа не дозволуваме никој да ја исправа нашата историја“, рече Шилегов.

Шилегов најави дека новиот мост што се гради во Аеродром ќе го носи носи името на генерал Михајло Апостолски, а булеварот кој ќе продолжува во Керамидница ќе се вика 16. Бригада.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •