ноември 25, 2020

Не е брзината, ниту латенцијата: Што ја прави 5G мрежата толку посебна?

Сепак, постои уште една предност на оваа мобилна мрежа за која многумина не се свесни – енергетската ефикасност на 5G инфраструктурата. Како и другите индустрии, телекомуникациските компании треба да ги намалат емисиите на штетни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина, а во исто време се очекува големо зголемување на сообраќајот.

5G може да биде едно од оружјата во борбата против климатските промени и исполнувањето на поставената цел за нула емисии на штетни гасови до 2050 година.

Затоа Forbes, споредувајќи ги мрежите 5G и 4G, нагласува дека заштедата со 5G може да биде многу поголема, благодарение, меѓу другото, и на фактот дека, кога нема мобилен сообраќај, базните станици можат привремено да се исклучат.

Базните станици се одговорни за дури 57% од просечната потрошувачка на енергија во телекомуникациската индустрија, а интересно е што станиците од постарата генерација трошеа само до 20% од енергијата на пренос на мобилни податоци, додека другата потрошувачка беше поврзана со загуба на топлина, батериски единици, неефикасно ладење итн.

Користејќи современи технологии како што се компјутерски edge и cloud computing, како и напредна аналитика заснована на вештачка интелигенција и други технологии, 5G обезбедува платформа преку која индустриите и градовите можат да станат енергетски поефикасни.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •