ноември 28, 2020

Маск: Ме тестираа четири пати во ист ден. Два теста позитивни, два негативни

Газдата на Тесла АД Илон Маск, денес објави дека бил тестиран на коронавирус четири пати во ист ден и два теста биле позитивни а два негативни. “Нешто сомнително се случува. Денес сум тестиран четири пати. Резултатите двапати позитивни, двапати негативни. Иста машина, ист тест, иста сестра. Брз тест за антиген од БД”, објави на Твитер Маск, веројатно повикувајќи се на брзиот тест на Бектон Дикинсон и Ко.

Тој вели дека има симптоми на настинка

Лидерот на Tesla рече дека бил тестиран и со PCR тест, чии резултати се чекаат 24 часа. Тој рече дека има симптоми на настинка. „Ништо необично досега“, додаде Маск. Бектон Дикинсон во септември објави дека ги истражува извештаите за старечки домови во САД за лажно-позитивните резултати од тестот за коронавирус на компанијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •