декември 6, 2020

Која е убавата Мирјана за која е напишана песната „Због једне дивне црне жене“?

Хрватската музичка легенда, Крунослав Кичо Слабинац, пејач, гитарист, композитор и аранжер, почина денеска на 76-годишна возраст.

Една од песните по која ќе го паметат генерации луѓе од поранешните југословенски простори е неговиот безвременски хит „Због једне дивне црне жене“.

Сепак, имаше само една „прекрасна црна жена“ за Кичо. Нејзиното име е Мирјана Антоновиќ и навистина, до ден-денеска е убава жена. Екипа на хрватскиот портал Index.hr  ја најде во 2016 година и кратко разговараше со неа.

„Јас и Крунослав Слабинац бевме заедно во раната младост. Откако се сретнавме во Америка, на враќање кон Загреб тој беше инспириран да ја напише песната ‘Због једне дивне црне жене’. Кичо е многу талентиран уметник и горда сум што можев, на мал начин, да учествувам во создавањето на една прекрасна евергрин песна во која можат да уживаат многу генерации“, изјави тогаш за Index.hr Мирјана, која сè уште живее во Америка, каде се запознала со Слабинац.

Две години подоцна, Кичо и Мирјана повторно се дружеа во Загреб. Пејачот по тој повод ја однесе на сладолед. Мирјана тогаш на Facebook објави дека паднала и топла прегратка.

Иако тогаш имаше 46 години од објавувањето на песната што одбележа една кариера, убавината на Мирјана не беше згаснала. Секој што ги виде заедно тој ден можеше да претпостави дека Мирјана е убавата жена со црна коса на која Кичо ѝ ја напиша најголемата песна.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •