декември 2, 2020

Поради еколошката катастрофа со водните ресурси, Левица поднесе две барања за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за животна средина

Поради еколошката катастрофа со ВОДНИТЕ РЕСУРСИ која ја сведочиме перидов, Левица поднесе две барања за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за животна средина:

➡️ Едното барање се однесува на малата приватна хидроелектрана во Белица (Кичевско), откако жителите јавно апелираа дека се случува девастирање на животната средина поради несоодветно управување со хидроелектраната. Дополнително, жителите обзнанија и дека добивале закани од сопственикот за нивните реакции, додека од институциите нема никакво соопштение за преземена постапка по ова сериозно обвинување.

➡️ Второто барање се однесува за поморот на риби кој се случи на Тиквешкото Езеро, откако локалното население реагираше дека нискиот водостој и отсуството на кислород ја предизвикало оваа еколошка катастрофа.

Иако природните околности придонесоа за состојбата со водните ресурси, сметаме дека и Владата има одговорност за несоодветно и неодговорно управување со водниот потенцијал, како и ненавремено преземање на превентивни активности со кои би се редуцирале настанатите штети.
Министерот за животна средина, менаџментот на ЕЛЕМ во чија сопственост се дел од хидроелектраните, како и Владата, должни се јавно да обзнанат кои мерки и активности биле преземени за заштита на водните ресурси и минимизирање на еколошките последици.

ЛевицаОдПарламент

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •