декември 5, 2020

Опремата од „Компјутер за секое дете“ послужи за овозможување на сегашната настава

Според најдобриот просветен работник за учебната година 2019/20 Добри Јовевски проектот „Компјутер за секое дете” кој стартуваше во 2007.година имал огромна пресвртница во процесот на учење кај учениците и кај наставниците. „Пред пандемијата голем дел од таа компјутерска техника беше собрана од училниците и депонирана во подрумите на училиштата, за да денес се земаат тие компјутери и се адаптираат за потребите во наставата. Уште еден показател дека „не треба да го затрупуваме стариот бунар додека не ископаме нов”, вели Јовевски во интервју за МКД.мк. 

Добри Јовевски, одделенски наставник од кривопаланечкото основно училиште „Илинден“ три години се закитува со признанието најдобар просветен работник. Тој таа титула ја доби и во поранешна Југославија, подоцна е прогласен за најдобар одделенски наставник во Крива Паланка за учебната 2018/19 и неодамна е добитник на признанието најдобар просветен работник за 2019/2020 на национално ниво. Со одделенскиот наставник од Крива Паланка, освен за актуелната настава на далечина, разговаравме за неговите бројни награди и признанија, за воспитувањето на децата во вакви општествени услови, но и за неговиот приватен живот.

Зад вас е повеќе од дведецениска богата и плодна кариера. Работа во рурални средини со услови далеку од пристојните, постојани предизвици со административните обврски на секој еден наставник…и сега најновото поинакви услови за образование предизвикани од пандемијата. Сепак, кога би можеле во една реченица да сублимирате: што ви е подраго – витрината со признанија и награди во вашата досегашна кариера или тоа што сите генерации ученици кои излегле од вашата училница во општеството ги гледаат со поинакви очи, па често знаат да кажат „Овие деца се од кај учителот Добри“? Привилегија или дополнителен товар е токму ваквото сфаќање?

– Признанијата се плод на посветена работа. Како резултат на несебичното залагање во областа на образованието, трудејќи се да им ги отворам хоризонтите на животот на децата, во исто време професионално надградувајќи се, ги отворав и моите хоризонти, кои ме водеа до успесите и резултатите постигнати во мојата работа. Секако дека признанијата и наградите што  ги имам добиено ми се драги, секоја има особено значење и буди убави емоции, а се разбира има и посебно место во витрината.

Особено сум горд и среќен кога ќе се видам со моите ученици, ќе споделиме сеќавања од моментите кои заеднички сме ги минувале во училиштето при образованието и воспитувањето. Ја чвуствувам нивната самодоверба и изградените ставови за нивната важност како чинители на општеството во кое живееме. Во голем дел, тоа е резултат на основните  знаење и вештини кои ги имаат добиено на почетоците во описменувањето, техниките за учење, градењето на особините на личноста како што се одговорност, педантност, дружење и трудољубивост. Се разбира, за мене е привилегија и чест да продолжам да се посветувам на професијата учител, давајќи уште поголем придонес за новите генерации, каде претстојат големи предизвици.

Повеќето ваши колеги се на ставот дека во услови на вакви општествени вредности мотивацијата е „далечна“ и отежната. Колку често се разочарувате, дали можеби од учениците, родителите, системот… Против што најгласно се бунтувате? Или сепак не е се така црно и сите ние сме тие кои треба да се бориме до крај за нашите деца, нашата иднина?

Прочитајте го целиот текст.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •