ноември 30, 2020

Несторовиќ: Високата загаденост на воздухот предизвикува зголемен број на болни од карцином, а најзагрозени се децата

Иако многу се зборува за честички (POM2.5 и PM10), гасовите се многу поважни, бидејќи тие продираат подлабоко во органите за дишење. Честичките предизвикуваат болести на дишните патишта и големите дишни органи (синузитис, бронхитис, создавање секрет). Гасовите се причина за астма, хронични опструктивни заболувања и веројатно и рак (тука се издвојуваат гасовите што се создаваат со согорување на филтерот од цигарите- што се направени од ацетат на целулоза). Најагресивен е сулфур диоксидот, кој се формира со согорување на јаглен во електраните, но не треба да заборавиме на озонот (тој е создаден од мотори со внатрешно согорување, особено дизел мотори), вели познатиот пумолог, Бранимир Несторовиќ.

Тој исто така вели дека оштетувањето на белите дробови кај деца на возраст под три години може да остави трајни последици.

Најчувствителни се децата до тригодишна возраст, вели доктор Нестотовиќ, бидејќи нивните бели дробови се во фаза на развој. Оштетувањето во овој период може да има трајни последици. Оваа група е исто така многу подложна на вирусни инфекции и тие дополнително го влошуваат оштетувањето на белите дробови предизвикано од загадувањето на воздухот.

Загадениот воздух исто така може да доведе до подоцнежни болести.

Најчести се астма и хронично опструктивно белодробно заболување и хроничен синузитис во горните дишни патишта. Оштетувањето на белите дробови со аерозагаденост доведува до намалување на отпорноста кон разни инфективни агенси, па затоа е добро позната појава дека жителите на градовите каде што е аерозагаденоста восока често да имаат напади на отежнато дишење или повторена пневмонија, вели тој.

Несторовиќ открива и дали аерозагадувањето предизвикува одредени алергиски реакции.

Според Несторовиќ, оштетувањетона слузокожата доведува до полесно продирање на алергените низ слузокожата на дишните патишта, а тоа го олеснува развојот на алергиска сензибилизација. Истражувањата од Јапонија покажуваат дека процентот на заболени од астма е директно пропорционален на растојанието на куќата од автопатот. Исто така, честичките на алергенот (особено поленот) се врзуваат за честичките од загадувањето на воздухот. Ова го олеснува вдишувањето, вдишувањето доведува до воспаление на слузокожата и таквата воспалената слузокожа често станува алергична. Аерозагадувањето, алергените и вирусите се вообичаени во појавата на компликации во нашите дишни патишта.

На прашањето: Дали загадениот воздух може систематски да го оштети целиот организам, Несторовиќ одговара:

Како последица на воведувањето честички за загадување на воздухот, постои зголемено производство на слободни радикали на кислород (и тие се основниот фактор на оштетување на нашите ткива и ДНК). Ефектите од загадувањето на воздухот не се ограничени на дишните патишта, туку и на сите други органи. Постои јасна корелација помеѓу бројот на заболени од карцином и степенот на загадување на воздухот, и таа е слична со сите други болести. Тешките метали од фосилните горива се депонираат трајно во организмот и имаат бројни негативни последици.

Како најдобра заштита, Несторовиќ наведува специјализирани маски.

Специјализираните маски (N95 и N99) ја намалуваат количината на вдишани честички за 40 до 70 проценти, но тие не влијаат на гасовите (освен ако немаат активиран јаглероден филтер, кој периодично мора да се менува). Малку помагаат хируршките и платнените маски. Квалитетните прочистувачи на воздухот можат да бидат корисни, бидејќи го намалуваат бројот на честички и гасови на ниски вредности. Особено добри се оние со високи вредности на циркулација на воздухот, бидејќи овозможуваат филтрирање на воздухот за околу шест до 10 минути по проветрување на просторијата. Ова е особено важи за станови покрај патот или во центарот на градот.

Несторовиќ вели дека е подобро да се шета покрај реките.

Најдобро е да излезете околу пладне, особено кога има проток на воздух (ветерот ги носи честичкитњ и гасовите). Треба да шетате покрај реките, бидејќи водата ги раствора гасови од загадувањето на воздухот, така што нивната концентрација на тие места е помала.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •