ноември 27, 2020

Каракачанов со нова провокација: Гоце Делчев бил бугарски учител, бугарски офицер кој загинал за бугарскиот народ

Красимир Каракачанов

Гоце Делчев бил бугарски учител, бугарски офицер кој загинал за бугарскиот народ, а не за некаков друг измислен во лабораториите на коминтерната, ова се зборови на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој по сотанокот со македонската делегација во Софија, отиде во Самоков каде го откри споменикот на Гоце Делчев.

Тој повтори дека Бугарија не може да прави компромиси со историјата.

„Ние го искажавме нашиот став, кој е јасен, недвосмислен и целосно се совпаѓа со рамковната позиција што беше усвоена од Парламентот во октомври минатата година.

Објаснивме дека не можеме да правиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарскиот херој, на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја“, изјави Каракачанов.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •