декември 1, 2020

Европскиот суд на правдата ја осуди Италија поради загадувањето на воздухот

Судот на правдата на ЕУ пресуди дека Италија го прекршила европскиот закон за квалитет на воздухот затоа што систематски и упорно ги надминувала граничните вредности поставени за ситните честички. Судот, на кој се обрати Европската комисија во 2018 година, констатираше дека од 2008 до 2017 година дневните и годишните гранични вредности одредени за честичките PM10 редовно биле надминувани во одредени делови од Италија и дека Италија не усвоила мерки навреме за да гарантира почитување на граничните вредности.

Оваа пресуда може да доведе до сериозни санкции. Италија не е единствената европска земја која е осудена поради загадување на воздухот. Имено, Франција беше осудена во 2019 година, а Полска во 2018 година. Загадувањето на воздухот е причина за околу 480.000 предвремени смртни случаи во Европа, покажуваат податоците на Европската агенција за животна средина.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •