декември 4, 2020

Германска пратеничка разоткрива: Разузнавачите од 2005-та знаеја за криминалните дејства на Хашим Тачи но продолжија да го поддржуваат

Севим Дагделен е германска пратеничка од Левицата која објави дека Сојузната германска влада уште во 2005 година преку разузнавачката агенција БНД знаела за поврзаноста на Хашим Тачи со организираниот криминал и шверцот на органи на Косово, но ништо од ова не ги спречило да продолжи да го поддржува Тачи и неговата администрација.

-Левицата секогаш го критикуваше признавањето на косовското отцепување по НАТО агресијата врз Југославија, што беше спротивно на меѓународното право, вели Дагделен, пренесува „Новости“.

Таа не очекува Сојузната влада да ја исправи својата грешка и истакнува дека Косово е признаено од страна на „исламистите како Ердоган или диктатурата во Саудиска Арабија, но не и од сите членки на ЕУ“.

Таа истакнува дека задача на одговорните обвинители е да ја докажат вината на обвинетите за воени злосторства, кои вклучуваат и мачење и убиства на стотици Срби.– На одговорните судии останува одговорните да ги одведат до праведна казна. Не само за убиствените банди на косовско – албанската ОВК, која дејствуваше како копнена војска на НАТО во 1999 година, туку и оние одговорните за агресијата од самите НАТО држави како Бил Клинтон, Тони Блер и Герхард Шредер со неговиот министер за надворешни работи, Јошка Фишер. Кршењето на меѓународното право и поддржувањето на злосторствата на ОВК од страна на окупаторските сили на НАТО повеќе не смеат да останат неказнети, наведува таа.

Севим Дагделен, пратеничка од Левицата во германскиот Бундестаг

Германската пратеничка неведува дека ЕУ постапува со земјите од Балканот како да постои политика на „европски заден двор“.

– Тоа е неприфатливи, посебно во односите со Србија на која признавањето на Косово и се наметнува како предуслов за пристапување кон ЕУ, додека ниту сите членки на ЕУ не ја признаваат еднострано прогласената независност, вели Дагделен за „Новости“.

Таа смета дека со „признавањето на сецесијата на Хрватска и Словенија, на поттикот на германската надворешна политика од раните деведесетите, е отворена Пандорината кутија“.

– Меѓународното право е тешко нарушено, а територијалниот интегритет и суверенитет се подриени по нечија волја. Не е предвидливо дека ЕУ ќе се спротивстави на едностраното поместување на границите во Европа. Меѓународното право се занимава со нешто по порачка, т.е. во зависност од можното геополитичко стекнување на предност, објаснува пратеничката од германската Левица.

Таа наведува дека „поради непријателства и закани и натаму сум полициска заштита“, но дека и натаму ќе говори за ситуацијата на Косово, поврзаноста на политиката и криминалот.

– Затоа помалку сум загрижена за себе отколу за безбедноста на можните сведоци во процесот за воени злосторства во процесот против Тачи и Весели. Специјалниот суд за Косово мора да обезбеди можните сведоци да не бидат заплашувани или пак убиени, како во случајот со Харадинај“, вели пратеничката во Бундестагот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •