ноември 25, 2020

Во Виница разбиена група која незаконски продавала тестови за Ковид-19

Оливер Спасовски

Во Виница е разбиена група што незаконски продавала тестови за Ковид-19. МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на неговиот фејсбук профил. Тој апелира до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица кои се матични лекари или епидемиолози на институтот или центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами.

– Само така заеднички ќе придонесеме за справување со корона вирусот, вели министерот Спасовски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •