декември 3, 2020

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и догодина ќе ја задолжува државата за нови над пола милијарда евра

Зоран Заев нема стратегија за раст и развој, неговата стратегија е за пропаст и за очај.Тој денеска најави дека догодина планира повторно да ја задолжи државата и да го зголеми јавниот долг за нови на пола милијарда евра. Буџетот не е развоен, туку уназаден. Нема стратешки проекти, нема развој се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое е реакција на денешната прес конференција на премиерот Зоран Заев и на министерот за финасии Фатмир Бесими на која беше презентиран буџетот за 2021 година.

„Заев не кажа како планира да гу зголеми приходите во буџетот, ниту како да ги врати на работа над 40.000 наши сограѓани кои останаа без работа периодов. Заев не кажа ниту како ќе им помогне на фирмите, или уште е на ставот дека ќе ги остави да пропаднат.
За да се задолжуваш, мора да инвестираш во добра кои имаат додадена вредност, а не во работи кои не генерираат дополнителни приходи, така само тоне државата и доаѓаме до ниво на инсолвентност.
Кој инвеститор ќе му верува на Заев кога тој намерно дозволи да пропадне Еуростандард банката од која кредити без покритие земаа струмички фирми?! Како економијата ќе биде стабилна кога сите слушаме како власта го договара ДУП-от за ШИК Јелак?!
Зоран Заев има целосно промашена економска стратегија. Тоа е стратегија на криминал и корупција“ се вели во соопштението од партијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •