декември 4, 2020

Апасиев предложи, Собранието не допушти да се расправа по Декларацијата за осуда на бугарските национал – шовинистички претензии (видео)

На денешната седница на Собрание, пратеникот Димитар Апасиев предложи како прва точка на Дневен ред да се стави Предлог-Декларацијата на Левица за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии, којашто двајцата пратеници ја поднесоа уште на 22 октомври, а спикерот Талат Џафери се’ уште игнорира да ја стави на расправа во Собранието. И денес тој спротивно на Деловникот на Собранието не допушти да се расправа по Декларацијата, по што нашите пратеници ја напуштија салата.

ВИДЕО

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •