декември 5, 2020

Јанчев вели дека државната мерна станица за загадување на воздухот не покажува точно

Државната мерна станица во Кавадарци регистрира многу поголема загаденост отколку општинските станици.

Државната мерна станица за состојбата на воздухот вечерва покажува дека конценрацијата на ПМ 10 честички во воздухот во Кавадарци е дури 471 милиграм на метар кубен.  Додека другите три мерни станици поставени од Општина Кавадарци покажуваат далеку пониска концентрација од 76, 20 и 19 милиграми на метар кубен.

Градоначаникот на Кавадарци, Митко Јанчев вели дека државната мерна станица не дава точни резултати. Што се однесува до другите три мерни станици кои се поставени од општината, вели дека се сертифицирани и ги следи Универзитетот Гоце Делчев.

Загаденоста вечерва е огромна ширум Македонија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •