декември 5, 2020

Франкфуртер алгемајне цајтунг: Во Софија веројатно бугарската нација ја сметаат за дар од Бога

Во историските истражувања на Балканот има две спротивставени групи, eдната бара меѓународно признание, а втората им служи на закоравените национални стереотипи, анализира германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) во контекст на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

„Во 2018 година, со Преспанскиот договор, Македонија го менува името во ******* Македонија, а Грција го признава постоењето на македонскиот народ и јазик, наведува весникот. Но, сега Бугарија го продолжува идентитетскиот спор, атакувајќи ги токму јазикот и идентитетот на Македонците, поставувајќи ги како услов за ЕУ.Софија ќе ја повлече заканата за вето само доколку Македонците се подготвени да го преземат бугарскиот историски наратив: притоа, македонската е една „вештачка нација“- наспроти бугарската, која во Софија веројатно ја сметаат за дар од Бога, падната од небото или создадена преку осмоза“, пишува ФАЦ.

Според весникот, за да ја појасни својата позиција во ЕУ, бугарската Влада испрати Меморандум создаден од нејзините куќни и дворски историчари, кој во некои делови е ненамерно комичен.

„Каков неверојатен заклучок: Се до 1 август 1944 година немало ни македонски народ, ниту македонски јазик, но веќе следниот ден одеднаш обете стапнале на бината на историјата. Она што еснафот, верни на владата, историчари со тоа сакаат да го кажат е дека југословенските комунисти од 1944 година систематски промовирале рудиментарен пристап за независен македонски идентитет, односно изградба на нација. И доколку тоа Скопје не го прифати, како што гласи суштината на позицијата на Софија, тогаш мора да си бара некое чаре- ама во ЕУ нема да влезе“, пишува ФАЦ.

Но, ваквите ставови на официјалната бугарска политика и историографија наидоа на отпор и во самата земја, наведува весникот, алудирајќи на критиката на владата од страна на 40 бугарски интелектуалци.

„Во нивната Прокламација, академиците ја критикуваат доминацијата на една застарена, романтизирана и митолошка бугарска историографија во Бугарија, која, во некои делови е дури и смешна. Не мислиме дека процесот на создавање на македонската нација, од сите нејзини аспекти, во основа се разликува од било која друга нација“, пишуваат тие и им порачуваат на бугарските власти да не се чудат зошто Европа не ги разбира.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •