декември 3, 2020

Февзи и Филипче во трка за наградата „Маж на годината”! Погледнете ги и другите имиња

Берберот и хуманитарец Али Февзи и министерот за здравство д-р Венко Филипче се во трка за наградата ,,Маж на годината” за која е во тек гласањето кое се одвива на страницата ,,Мажи на годината”. Ова е втор пат по ред како се одржува настанот кој има за цел да додели признанија и награди на најуспешните мажи на нашите простори.

Минатата година жири комисија од 21 член, разгледувајќи повеќе аспекти од животот, лични и професионални достигнувања во изминатата година, секој кредибилен и остварен во своето поле, направи проценка кој од номинираните донел одлуки кои позитивно влијаеле на квалитетот на живеење и допринел за подигање на нивото на квалитет во полето во кое делува.

Титулата ,,Маж на годината” за 2019 година замина во рацете на актерот Никола Ристановски. Годинава пак, за победникот одлучуваат гласовите на народот, и наградата ќе ја добие оној под чија фотографија ќе има најмногу допаѓања. Моментално, во водство според гласовите е хуманитарецот Февзи, веднаш зад него е министерот Филипче, на третото место е кардиохирургот д-р Сашко Јовев.

Предложени се 31 маж, помеѓу кои и фудбалскиот репрезентативец Горан Пандев, ИТ консултантот Горјан Јовановски, селекторот на МФР Игор Ангеловски, првиот пациент со пресадено срце Иван Огњановски, основачот на Браинстер академија Петар Ниновски, угостителот Томе Корнер, директорот на Нова Виктор Новаковски, кардиохирургот д-р Жан Митрев, портпаролот на Град Скопје Валон Салиху, бизнисменот Владимир Рибарски, сопственикот на маркетинг агенција Владо Цекиќ, угостителот Горан Милевски, сопственикот на винарија Дане Јованов, директорот на КФЦ Дане Тодоровски, епидемиологот д-р Жарко Караџовски, адвокатот Златко Јолески, претприемачот Зоран Витанов, сликарот Зоран Кардула, Зоран Миркуловски од Аирбус, сопственикот на Фејдом Зоран Радоњанин, директорот на Аутомакедонија Игор Илиевски, авторот Коста Петров, директорот на М Кар Марко Јовановски, претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа, поранешниот кошаркар Перо Антиќ, директорот на Веро Петар Денковски, угостителот Предраг Васиљевиќ и специјалистот по медицина на трудот Злате Мехмедовиќ.

Гласањето завршува утре, а настанот не случајно се одвива во ноември, месецот на машкото здравје. Според организаторот, Friday Communications и gentlmenanmagazine.mk, визијата на настанот е да се инспирираат луѓето да бидат најдобрата верзија од самите себе, да се стремат кон подобри резултати и да бидат позитивен пример во општеството во различни аспекти од животот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •