ноември 27, 2020

САД: Во Џорџија рачно ќе се пребројуваат сите гласови на претседателските избори

Државниот секретар на американската држава Џорџија изјави денеска дека државата ќе спроведе комплетна ревизија на изборната трка за претседател, со рачно пребројување на милиони гласови.

„Бидејќи разликата е толку мала, ќе треба гласовите да се бројат рачно во секој округ“, рече државниот секретар Бред Рафенспергер, кој доаѓа од Републиканската партија на Доналд Трамп.

„Ова ќе помогне за да се изгради доверба“, додаде тој.

Рафенспергер рече дека очекува пребројувањето да се заврши навреме за потврдата на резултатите, која е закажана за 20 ноември.

Во моментов, според сегашните резултати, демократскиот кандидат Џо Бајден има предност од околу 14.000 гласа пред актуелниот претседател и противкандидатот од Републиканската партија, Доналд Трамп.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •