ноември 28, 2020

Професор Џон Бел од Оксфорд: Животот до пролет ќе се врати во нормала

Вакцина

Откако компанијата „Фајзер“ пред два дена соопшти  дека нивната вакцина против Ковид-19 е ефикасна, професорот по медицина на Универзитетот во Оксфорд, Џон Бел, изјави дека тимот на оваа фармацевтска комапанија покажал „чудесна ефикасност “и оцени дека светот до пролет веќе може да се врати во нормала.

-Јас сум првиот што ќе го каже тоа, со самодоверба, дека животот ќе се врати во нормала до пролет. Да, да, да, изјави Бел за Би-Би-Си.

Неговиот колега од Универзитетот во Оксфорд, професорот Питер Хорбај, потврди дека овој момент е важен и поттикнува оптимизам.

-Ми олесна кога ги видов резултатите. Ова е добар знак и ми се чини дека е пресвртница, рече Хорбај.

Потенцијалната вакцина на „Фајзер“ досега е тестирана на повеќе од 43.000 волонтери, од кои 38.955 на 8 ноември ја добија и втората доза.

Вакцината ефикасно штити од коронавирус седум дена по втората доза.

Европски медиуми пренесуваат дека вакцината е темелена на иновативната технологија mRNК, која го охрабрува телото да произведе еден од вирусните протеини што генерира имунолошки одговор на коронавирусот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •