декември 2, 2020

Проектиран буџетот за 2021 година, ќе фалат над 500 милиони евра

Економско закрепнување и поддршка на здравствениот систем се главните приоритети на предлог-буџетот за следната година. Според планот, државата планира да потроши над четири милијарди евра, а вкупните приходи се позиционирани на 3,4 милијарди евра.

„Главни приоритети на Буџетот за 2021 година е поддршка на здравствениот сектор, што значи заштита на здравјето и животите на луѓето, економско заздравување и раст преку мерки на социјално ранливите категории, поддршка на економијата и зачувување на работните места.“

Во 2021 се очекува економски раст од 4,1 отсто. Буџетскиот дефицит ќе достигне  4,9 отсто од БДП или 567 мииони евра за следната година. Државата планира дупката во буџетот да ја покрива во издавање на нова еврообврзница, како и продажба на државно земјиште. Но, во буџетот се испланирани и нови вработувања и зголемување на плати на вработени под државна капа.

„20 осто зголемување на плати во Собранието, согласно закон – за Собрание, зголемување на плати во делот на надоместоци во образование, во делот на плати и вработување во полиција, во воена акацемија, како и во судска акацемија и академија на обвинители.“

За следната година испланирани се капитални инвестиции во висина од 373 милиони евра. Државата ќе ги казнува или наградува буџетските корисници за тоа кој колку сработел. Доколку не се одвива реализацијата според планираното, тогаш парите ќе се пренасочуваат за проекти кои се во понапредна фаза.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •