ноември 27, 2020

ОПШТИНА ОХРИД ЧЕКА ВЛАДИНА ПОМОШ ЗА РУШЕЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ

Откако ќе легнат на сметка 6-те милиони денари помош од државата, охридскиот градоначалник ќе продолжи да урива дивоградби. Дотогаш акцијата ќе мирува оти истата чини многу пари, а општина Охрид не е финансиски моќна сама да ја продолжи. Ќе продолжи да се урива повторно на потегот кај плажите околу населбата Св. Стефан вели градоначалникот Георгиевски.

Во исто време во тек е тендерска постапка за издавање на плажите за следната сезона но согласно со Планот за управување со природното и културното наследство.

Во меѓувреме градоначалникот се пофали и дека освен што се решаваат полека но сигурно проблемите со УНЕСКО, локалната власт во неговиот мандат успеала да го намали долгот на општината со што по скоро две децении Охрид повеќе не е на првото место на листата на најголеми должници како локална самоуправа во земјава.

Извор: Тв 24

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •