декември 2, 2020

Владата го спасува ЈСП Скопје со 135 милиони денари (2,2 милиони евра)

Владата на синоќешната седница донесе одлука да му префрли 135 милиони денари на Град Скопје, како неповратна финансиска помош за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со корона вирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

За 62,5 отсто е намален бројот на патници во јавниот превоз од почетокот на пандемија на ковид-19 до сега. Од март до септември во автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници се возеле 12.064.455 патници, а истиот период лани бројот бил 32.148.854. Поради намалениот број на патници загубата на претпријатието досега е околу 4 милиони евра.

За септември, последниот евидентиран месец, бројка е за околу 50 отсто помала во споредба со истиот период лани. Во овој момент според препораките на Комисијата за заразни болести автобусите возат со капацитет од 75 отсто.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •