ноември 25, 2020

ВД претседателката на Косово сака прекин на дијалогот со Србија

Во интервју за Дојче веле, таа оцени дека не е време за продолжување на дијалогот со Србија, во време кога Специјалниот суд за злосторствата на УЧК ги обвини претседателот и лидерите на повеќе политички партии за воени злосторства.

„Мислам дека поради актуелните случувања сега не е моментот дијалогот веднаш да продолжи. Косовските институции треба да одвојат малку време, да се консултираат меѓусебно, да создадат многу поединствен став за дијалогот, бидејќи е неопходно секој кој преговара во име на Косово, за судбината на Косово, да има единствен став на политичкиот спектар а не само на коалицијата која ја претставува“, кажа Османи.

Таа кажа дека ќе го даде својот придонес да разговара со сите за тоа какви би требало да бидат ставовите на Косово во врска со дијалогот.

Прекин на дијалогот побара и претседателот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај дента кога беше потврдено обвинението против Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими.

Тој став на Харадинај на седница на владата на Косово минатата недела го изнесе и министерот за правда, но тој наиде на одбивање од премиерот на Косово Авдулах Хоти.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •