ноември 29, 2020

Бесими: Плаќаме 150 милиони евра за камати годишно (видео)

Министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека има повеќе начини за финансирање на дефицитот за наредната година.

-Еден е насочен со задолжување и тоа со емисија на еврообврзница и на домашниот пазар. Со оглед на тоа дека обврските по однос на камати се прилично високи и плаќаме по 150 милиони евра на годишно ниво камата, ќе пристапиме со еден процес на репрограмирање на долг рок. Со добра анализа, добро осмислена, да видиме кој е ефектот, како да репрограмираме во услови на подобрена позиција за каматни стапки за задолжувањето. Меѓутоа, во исто време ќе гледаме и други начини – рече Бесими на Сител.

Покрај задолжувањето, тој ги повтори намерите за приватизација на дел од државниот капитал во одредени претпријатија.

Извор: Тв Сител

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •