декември 5, 2020

Бајден: Срамно е што Трамп не ги признава резултатите од изборите (видео)

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска оцени дека е „срамно“ тоа што неговиот противкандидат од Републиканската партија и актуелен претседател Доналд Трамп не го признава изборниот резултат.

Обраќајќи се од родниот Делавер, Бајден зборуваше за важноста и за зачувувањето на Законот за здравствена заштита донесен во време на поранешниот претседател Барак Обама.

Одговарајќи на прашања по говорот, новоизбраниот претседател рече дека предавањето на власта е во тек и е реалност, и покрај фактот што Трамп одбива да ги прифати изборните резултати.

Бајден рече и дека овие денови контактира со светските лидери, на кои им ја пренесува пораката дека „Америка се враќа во игра“.

Тој додаде дека се надева оти ќе може да излезе со имиња за барем некои позиции во Кабинетот до Денот на благодарноста, кој се одбележува на 26 ноември.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •