ноември 27, 2020

Царе гол си, каде си тргнал без гаќи

Заев тргна денес кај Бојко со царската свита, да го убедуваат да попушти, да повлечат ветото. Царе гол си, каде си тргнал без гаќи.
Џабе везеш или глумиш.
Тоа е исто ко зајчето да му оди на питонот додека е кај него во кафез, да го убедуе да не го јаде
А бе човек толку ли си наивен, да не кажам потежок збор.
Или си нешто позлокобно од тоа, па само фингираш преговори, додека во главата одамна си решил да продаваш имотот. Бугарите нема да попуштат. Може само да те изиграат, ако претходно не те купиле, па сега си играте театар.
Три месеци трпиме тешки навреди од бугарите, ниту еднаш не им вративте со иста мерка. Ниту еднаш не им спискавте во фаца да престанат со фашизоидните, шовинистички ултиматуми кон нас.
Што сте бе вие? Мажи или теткици?
Гледате што прават? Обвинуваат дека македонизмот бил расизам. Тоа што го браниме своето, за нив не е европска вредност. А тоа што тие бараат да се побугарчиме под уцени и закани е цивилизациска придобивка.
Кому ние сме му оспориле да се нарекува како сака? Кому сме му ја оспориле црквата или јазикот?
Па сега уште не следат како приватни лица. Ни ги скриншотираат објавите, знаат точно колку написи има против нив и тие ги праќаат по европските канцеларии да обвинат дека генерираме говор на омраза против нив. Па уште бараат од нашава власт да изнајде начин да не казнува.
Бараат такаречи да ни влегува дома и да ни забрануваат да пишуваме против нивниот шовинизам и обид за поништување на македонизмот и наше побугарчување.
Реков во последното гостување во Само вистина. Не очекувајте Германија да застане во наша одбрана. Па они отсекогаш си биле блиски со Бугарија. И во Прва и во Втора светска војна. Башка се дел од ист сојуз, ЕУ. Ние не сме во ЕУ. Германија ќе си го заштити партнерот.
Вчера тоа се покажа дека е така. Германија застана зад Бугарија и веќе не го крие тоа толку вешто.
Отстапете од преговори со Бугарија веднаш. Било што да потпишете со нив, тоа ќе значи бришење на македонизмот и Македонците од европската мапа на народите. Сфатете го тоа.
Ја направите ли таа глупост, ќе ви се случи народ. Не ковид, триста ковиди нека има. Не си играјте.
Питоми луѓе ко мене, кои никогаш не се удирале во гради со патриотизам, ниту пееле по кафани патриотски песни после пет жти, сега страшно ги иритирате со вашата сервилност и кукавичлук пред непријателите на овој народ. Газите по нашето национално достоинство. Пишувам книги и глумам на македонски јазик, на оној на кој пишувал Мисирков, Рацин, Петре Андреевски, Горан Стефановски, како да ви кажам, дебело ќе го кркате ако тезгарите со тоа наследство.

Фејсбук статус на Сашо Тасевски

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •