декември 1, 2020

Русија испраќа трупи, Баку слави, протести во Ерменија

Илхам Алиев вели дека договорот за ставање крај на конфликтот во Нагорно Карабах е голема победа за Азербејџан и капитулација на Ерменија. Ерменците упаднаа во парламентот во Ереван синоќа, тврдејќи дека договорот е предавство.

Руските мировници беа испратени во планинскиот регион Нагорно-Карабах денес, како дел од договорот за ставање крај на шестнеделните тешки борби меѓу Азербејџан и етничките ерменски сили. Руските мировници ќе останат во Нагорно Карабах најмалку пет години, а рускиот претседател Владимир Путин најави дека тие ќе бидат распоредени на фронтот на конфликтот и на границата меѓу регионот и Ерменија.

Договорен е целосен прекин на огнот во Нагорно Карабах

Последниот од десетте воени авиони со скоро 2.000 руски војници долетаа во регионот денес, соопшти Министерството за одбрана. Путин рече дека договорот треба да го отвори патот за долгорочно политичко решение на конфликтот што однесе илјадници животи и се закани дека ќе го вклучи поширокиот регион во војната.

Се чека договор меѓу Турција и Русија

Турската армија ќе формира заеднички центар за набљудување со Русите, а договорот за тоа меѓу Анкара и Москва се очекува подоцна денеска. Со договорот, Азербејџан ќе ги задржи териториите што ги има добиено во борбите, вклучувајќи го и Шуша, вториот по големина град во енклавата. Етничките Ерменци мора да ја предадат контролата врз териториите до 1 декември.

ЕУ го поздравува договорот

Портпаролот на Европската комисија Питер Стано во вторникот изјави дека Европската унија е задоволна од потпишувањето на договорот за прекин на конфликтот во Нагорно Карабах. „Во моментов ги разгледуваме деталите, со цел подобро да ги разбереме последиците од договорот за прекин на огнот“, рече тој на прес-конференција. Тој посочи дека ЕУ постојано повикувала на прекин на огнот и рече дека жалат за луѓето кои загинаа за време на конфликтот.

Примирјето предизвика прослави во Баку, главниот град на Азербејџан, а немири избувнаа во Ереван, главниот град на Ерменија

Ерменците упаднаа во парламентот синоќа, тврдејќи дека зделката е предавство и го претепаа претседателот на собранието, Арарат Мирзојан, кој заврши во болница. Некои од демонстрантите побараа оставка од премиерот Никола Пашијан, кој во вторникот рече дека го потпишал договорот под притисок на армијата. Ерменскиот претседател Армен Саркисјан рече дека „за негово жалење, никој не го прашал за мировниот договор или не се консултирал со него“. “Слушајќи ги медиумите, слушнав дека постигнавме договор со претседателите на Русија и Азербејџан за ставање крај на конфликтите во Нагорно Карабах. Исто така, од новинарите научив за условите за крај на конфликтот”, рече тој. „Никој не разговараше со мене, на крајот на краиштата, јас сум претседател на Ерменија и не учествував во никакви преговори“, потенцира тој. Саркисјан рече дека започнал консултации со Пашијан за ситуацијата по потпишувањето на примирјето во Нагорно Карабах.

Алиев: Голема победа, Нагорно-Карабах е меѓународно признат дел од Азербејџан, но со мнозинство ерменско население

До пробивот на азербејџанските сили во последните неколку недели, тој беше целосно под контрола на етничките Ерменци. Борбите меѓу двете страни започнаа на 27 септември, а Азербејџан тврди дека ги вратил поголемиот дел од териториите што ги изгубил во војната 1991-1994, во која загинаа околу 30.000 луѓе. Новиот договор се смета за индикација дека Русија, која има одбранбен сојуз со Ерменија и воена база на нејзината територија, останува главен играч во регионот, за кого смета дека е нејзин двор, и покрај обидите на Турција да го прошири своето влијание.

Со новиот договор, Азербејџан ќе добие пат што ќе го поврзува со азербејџанската енклава на иранско-турската граница, што ќе и обезбеди на Турција копнена рута до азербејџанската територија. Путин објави дека бегалците можат да се вратат во Нагорно Карабах, па најави размена на воени заробеници и тела на мртви. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го нарече договорот кулминација на големата победа на неговата земја и капитулација на Ерменија.

Петиција за поништување на договорот

Пачињан се обиде да ја олесни ситуацијата, велејќи дека одлуката е донесена по „длабинска анализа на борбената состојба и во договор со најдобрите експерти“. “Ова не е победа, но нема пораз сè додека не се сметате себеси за поразени. Никогаш нема да се сметаме себеси за поразени и ова ќе стане нов почеток на ерата на нашето национално единство и трансформација”, напиша ерменскиот премиер. Водачот на етничките Ерменци во Нагорно Карабах, Араџик Харутијан, во вторникот рече дека нема други опции освен прекин на огнот. „Ако воените борби продолжеа со ист интензитет, ќе го изгубевме Нагорно Карабах за неколку дена и ќе имавме многу повеќе мртви“, рече тој. Седумнаесет помали политички партии побараа оставка од Пашијан, а покрената е и петиција за поништување на договорот за прекин на огнот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •