декември 2, 2020

ОСМАНИ ЗА ТВ 24: OХРАБРУВАМЕ ИЗДВОЕНА ПОЗИЦИЈА НА БУГАРИЈА ЗА ЈАЗИКОТ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во 24 анализа рече дека целта е преку упорна работа и предвидлива стратегија да се стигне до решение за зближување на двете држави. Потенцираше дека германското претседателство работи принципиелно за да се најде решение внимавајќи на чувствителноста кон двете страни.

„Како земја кандидат чувствуваме сериозна поддршка од германското претседателство и тоа не охрабрува да не ја пропуштиме шансата. Германското претседателство сериозно го има в предвид нашиот регион“ – рече Османи.

Османи потенцираше дека се разговарало за барањата на бугарската страна. Тие сметаат дека работата на комисиите не бил доволна за да кажат дека даваат резултат. Во однос на јазикот во нон пејперот, Османи рече дека не може да ги каже нашите позиции.

„Сме охрабрувале издвоена позиција на земјите кои имаат разлики по однос на одредени прашања и во пракса се покажани добри начини за надминување на разликите. Кога одредена земја има разлика за која другите земји членки не го споделуваат мислењето, го издвојува своето мислење, а советот го  забележуваат како издвоено мислење. Не можам да навлезам подетално додека ова трае.“ – рече Османи одговарајќи на прашање за тоа на каков начин би се решил спорот за македонскиот јазик.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •