ноември 27, 2020

За да соопшти дека е забрането да се групираат повеќе од 4 лица, Филипче направи гужва

Министерот за здравство Венко Филипче денес најави дека на сила стапила забрана за групирање на повеќе од 4 лица, како една од мерките за заштита од коронавирус.

Но, таа најава ја направи ставајќи во ризик многумина. Оваа одлука можеше да ја соопшти на јавноста на друг начин, но тој свика прес-конференција на која новинари, сниматели и фоторепортери мораа да дојдат по службена должност. Освен медиумските работници, на оваа прес-конференција присуствуваа и здравствени работници.

Ако е толку ризично, па дури и казниво да се групираат повеќе од четири лица, зошто Филипче таа мерка ја соопшти опкружен со многу луѓе?

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •